ИЗРАБОТКА НА ДИГИТАЛНА БРОШУРА ЗА АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „САМОИЛОВА ТВРДИНА“
Оваа активност планирано е да се спроведе во месеците август и септември. Во текот на декември и јануари се изврши прибирање, селектирање и обработка на потребниот текстуален и фото материјал потребен за изработка на информативната брошура која е пласирана во дигитална форма. Содржински, брошурата се состои од општи информации за локалитетот и наодите пронајдени на истиот. По завршеток на проектот, ќе се продолжи со константо ажурирање на дигиталната брошура при секои нови резултати од тековните и идните археолошки истражувања. Се изработи и QR CODE, кој со скенирање на истиот ќе се обезбеди директен пристап до дигиталната брошура. Истиот е поставен на постоечката инфо табла на самиот влез во Самоилова Тврдина, со што домашните посетители и туристите ќе имаат непречен пристап до ажурирани информациите за локалитетот. Исто така, QR кодот ќе биде достапен за користење на сите заинтересирани страни кои се занимаваат со туризам како туристички водичи, туристички агенции и сл.
brosura