Здружението за заштита и одржлив развој Регионален зелен центар Охрид е непрофитна, невладина организација со седиште во градот на УНЕСКО, Охрид. Регионалниот зелен центар (РЗЦ) е регистриран во Март 2019 година, но е и сукцесор на извидничката организација во Охрид со искуство во спроведување на активности за заштита и унапредување на животната средина посебно во сливот на Охридското Езеро и поширокиот Дримски Басен.

Најважните активности, всушност, се поврзани со спроведување и организација на одбележувањето на Денот на Дрим 2019, 2020, 2021 но и учество во мониторинг активности за квалитетот на водите во Езерото и водотеците во сливот на пандемијата, РЗЦ од 2019 година разви капацитети и за онлајн едукација и состаноци кои можат да се користат при слично сценарио и во оваа проектна активност.

РЗЦ во спроведувањето на своите активности соработува со локални здруженија на граѓани (ЦСДС- Дебар) и инволвира голем број на млади волонтери и актери од заштитените подрачја. Посебен однос РЗЦ има изградено со научната установа Хидробиолошки завод – Охрид каде преку учество на експерти од институцијата обезбедува силен едукативен момент во активностите. Тоа е надоградено со партнерството со институции од образовниот процес (основни училишта од Лескоец и Белчишта) кои контрибуираат во едукативните компоненти на различни проекти и процеси.

Нашите документарни видеа може да ги најдете на нашиот YouTube канал.