Здружението за заштита и одржлив развој Регионален зелен центар Охрид е непрофитна, невладина организација со седиште во градот на УНЕСКО, Охрид, чија мисија е заштита, промоција, и одржлив развој на животната средина и културното наследство, особено во сливот на Охридското езеро и поширокиот Дримски басен. Регионалниот зелен центар (РЗЦ) е основан на 3ти март 2019 година, но е наследник на извидничката организација во Охрид.

Главните цели на организацијата се асистенција и консултантска и стручна помош при:

  • управување со отпад и отпадни води;
  • адаптација кон климатските промени и решенија за чиста енергија;
  • зелени градови – синергија со природата;
  • заштеда на енергија и енергетска ефикасност;
  • заштита на животната средина и здравјето;
  • здрава храна;
  • развивање на еко-бизниси, еко-туризам, еко-производи;
  • информации за животната средина, учество на јавноста;
  • локални и регионални акциони планови од областа на животната средина и биолошката разновидност;
  • управување со грантови;
  • кампањи за подигнување на јавната свест;
  • едукација за животната средина;
  • изработка на промотивно-комуникациски материјали;
  • иницијативи за изградба на капацитети;
  • прекугранична соработка;
  • консултантски услуги;
  • заштита и промоција на културното наследство;
  • едукација за значењето на културното наследство.

Крајната визија на организацијата е чиста и здрава животна средина и промовирано светско наследство.

РЗЦ во спроведувањето на своите активности соработува со локални здруженија на граѓани (ЦСДС- Дебар) и инволвира голем број на млади волонтери и актери од заштитените подрачја. Посебен однос РЗЦ има изградено со научната установа Хидробиолошки завод – Охрид каде преку учество на експерти од институцијата обезбедува силен едукативен момент во активностите. Тоа е надоградено со партнерството со институции од образовниот процес (основни училишта од Лескоец и Белчишта) кои контрибуираат во едукативните компоненти на различни проекти и процеси.

Нашите документарни видеа може да ги најдете на нашиот YouTube канал.