Завршен настан

Регионалниот зелен центар Охрид организира завршен настан во рамки на проектот Младинско Еко Лето поддржан од Civica Mobilitas. Настанот е закажан на 28.09.2021 година (вторник) во Steve’s Coffee House со почеток од 19:00 часот. Ќе бидат запазени сите здравствени мерки за заштита од COVID-19 и ќе се почитуваат актуелните мерки за организирање на настани во затворен простор.

Предвидена е презентација на сите активности во текот на проектот, постигнатите резултати и финалните продукти од шестмеечната работа. Сето тоа на крајот ќе биде заокружено со коктел забава и заедничка дружба со нашите соработници на проектот, помагатели и сите заинтересирани кои ќе присуствуваат.

Завршен настан